Kuehne+Nagel
Privacy Policy Center
Политика за приватност на веб-локацијата
Заштитата на вашите лични податоци претставува важна грижа за Kuehne + Nagel. Вашата доверба е нашиот најголем приоритет. Затоа, секогаш ги третираме вашите лични податоци како доверливи и во согласност со прописите за заштита на законските податоци, како и со оваа Политика за приватност на податоци.
Оваа политика открива како фирмата Кине и Нагел ги обработува личните податоци на интернет, кои информации за корисниците на Кине и Нагел веб-локациитесе евидентираат и анализираат, и како се користат тие информации, се споделуваат
или на друг начин се обработуваат. Понатаму е опишано како може да се користат колачиња (cookies) и други технологии во нашите апликации.
При повикувањето на нашата веб-страница, ќе бидете информирани за употребата на колачиња.
Кине и Нагел може да ја менува и да ја ажурира оваа Политика за приватност на податоци редовно по сопствено видување. Во тој случај, ние ќе објавиме ажурирани верзии на оваа Политика за приватност на податоци на оваа и на други релевантни веб-локации. Ревидираната Политика за приватност на податоци се однесува само на податоци што се собираат по датумот кога е извршена ревизија на истата. Ви препорачуваме редовно да ја проверувате оваа страница за ажурирани информации за нашите практики за заштита на податоците.
Оваа политика ќе продолжи да важи за веб-локациите на Кине и Нагел кои се однесуваат на оваа политика. Не се однесува на веб-локациите на Кине и Нагел кои се предмет на посебни политики за приватност на податоци.
Ако сте жител на Калифорнија, видете ја нашата Изјава за приватност за Калифорнија.
I. I. Име и адреса на контролорот на податоците
Во дефиницијата на Европската регулатива за заштита на податоците и другите национални закони за заштита на податоците на земјите-членки, како и во дополнителните прописи за заштита на податоците, Контролорот на податоците е:
Kuehne + Nagel Management AG
Kuehne + Nagel Haus
P.O. Box 67
8834 Schindellegi
Switzerland
Телефон: +41 (0) 44 786 95 11
Е-пошта: headoffice@kuehne-nagel.com
II. Контактни податоци за службеникот за заштита на податоци
Службеникот за заштита на податоци назначен од контролорот на податоци може да се контактира на:
Kuehne + Nagel Management AG
Kuehne + Nagel Haus
P.O. Box 67
8834 Schindellegi
Switzerland
Е-пошта: privacy@kuehne-nagel.com
III. Општи забелешки за обработка на податоци
1. Опсег на обработка на лични податоци
Ги користиме вашите лични податоци на начин како што е опишано во оваа Политика за приватност на податоци за да ги направиме нашите услуги достапни, за да одговориме на вашите прашања, и до степен до кој тоа е законски дозволено или барано, за да помогнеме во правни или кривични истраги. Понатаму, можеме да ги направиме податоците анонимни и да ги собираме податоците добиени преку оваа веб-локација за статистички цели за да го прошириме нашето портфолио на производи и за да ги подобриме нашите услуги.
2. Со кого ги споделуваме вашите лични податоци?
Ние можеме да ги чуваме вашите лични податоци или на друг начин да им ги предадеме на нашите филијали или други доверливи деловни партнери кои вршат услуги во наше име, на пример, на одделот техничка поддршка за да се оцени корисноста на оваа веб-локација за маркетинг цели или други видови услуги. Ние склучивме договори со овие страни за да осигуриме дека личните податоци се обработуваат врз основа на нашите упатства и во согласност со оваа Политика за приватност на податоци и други соодветни мерки во врска со доверливост и безбедност.
Вашите лични податоци им ги пренесуваме на овие надворешни страни и други трети лица само до степенот до кој тоа е потребно за да ги извршуваме услугите што сте ги побарале или овластиле и за да ги заштитуваме вашите и нашите права, имот или безбедност или, ако сме обврзани да го правиме тоа врз основа на важечките закони, наредбите на судовите или на другите органи, или ако откривањето е потребно за да се помогне во правни, кривични истраги или судски постапки.
Имајте предвид дека компаниите на Групацијата Кине и Нагел, како и властите, клиентите и добавувачите на кои можеме да им ги пренесуваме вашите лични податоци, може да се со седиште надвор од вашата матична земја и потенцијално и во земји со закони за заштита на податоци кои може дасе разликуваат од оние кои се применуваат во земјата во која сте жител. Во вакви случаи, ќе обезбедиме да се преземат соодветни мерки за заштита на вашите лични податоци со воведување соодветни законски механизми, на пример: стандардни договорни клаузули на ЕУ. Копија од стандардните договорни клаузули на ЕУ може да пронајдете на следниот линк: https://ec.europa.eu/info/law/law-topic/data-protection/data-transfers-outside-eu
3. Правна основа за обработка на лични податоци
Доколку добиеме изјава за согласност од субјектот на податоците за обработка на лични податоци, чл. 6 (1), а) од Општата регулатива за заштита на податоци на ЕУ (GDPR) се применува како правна основа за обработка на лични податоци.
При обработката на личните податоци што се потребни за исполнување на обврските од договорот во кој субјектот кој ги дава податоците е една од страните, чл. 6 (1), б) GDPR служи како правна основа. Ова исто така важи и за обработка која е потребна за спроведување на преддоговорни мерки.
Каде што обработката на лични податоци е потребна за исполнување на законска обврска која нашата компанија треба да ја исполни, чл. 6 (1), c) одОпштата регулатива за заштита на податоци служи како правна основа.
Во случај поради виталните интереси на субјектите кои ги даваат податоците или друго физичко лице е неопходна обработка на лични податоци, чл. 6 (1), d) Општата регулатива за заштита на податоци служи како правна основа.
Доколку обработката служи за да се заштити оправданиот интерес на нашата компанија или на трето лице и ако интересите, граѓанските права и основните слободи на субјектот кој ги дава податоците не го надминуваат првоспоменатиот интерес, чл. 6 (1), f) од Општата регулатива за заштита на податоци служи како правна основа за обработка.
4. Бришење на податоци и период на складирање
Личните податоци на субјектите на податоци ќе бидат избришани или блокирани веднаш кога веќе нема да се користат за целта за која се складираат. Податоците може исто така да се склладираат и после тој момент, ако тоа е овозможено соевропскотоили националното законодавство, со директивите, законите и другите прописи во согласност со правото на ЕУ, кои се однесуваат на контролорот на податоци. Податоците исто така ќе бидат блокирани или избришани кога истекува период на складирање кој е пропишан со наведените стандарди, освен ако не постои потреба за континуирано складирање на податоците за склучување на договорот или исполнување на договорот.
IV. Поставување на веб-локацијата и создавање записнички датотеки
1. Опис и обем на обработката на податоците
Секој пат кога некој ќе пристапи до нашата веб-локација, нашиот систем автоматски собира податоци и информации од уредот од кој се пристапува.
Следниве податоци се собираат во овој процес:
(1) Информации за типот прелистувач и верзијата што се користи
(2) Оперативниот систем на корисникот
(3) Податоци и време на пристап
(4) Веб-локации од кои системот на корисникот пристапува до нашата веб-локација
(5) (6) Веб-локации до кои пристапува системот на корисникот преку нашата веб-локација.
Податоците исто така ќе бидат зачувани во записнички датотеки на нашиот систем. Овие податоци нема да се складираат заедно со други лични податоци на корисникот.
2. Правната основа за обработката на податоци
Правната основа за привремено чување на податоците и logfiles е чл. 6 (1), точка f) од Општата регулатива за заштита на податоци.
3. Цел на обработката на податоците
Привременото чување на IP-адресата од страна на системот е неопходно за да се овозможи испорака на веб-локацијата до компјутерот на корисникот. За оваа цел, IP-адресата на корисникот мора да остане зачувана за времетраењето на сесијата.
Записничките датотеки се чуваат за да се обезбеди функционалноста на веб-локацијата. Покрај тоа, податоците ни помагаат да ја оптимизираме веб-локацијата и да ја осигуриме безбедноста на нашите ИТ-системи. Податоците не се анализираат за маркетиншки цели во овој контекст.
Овие цели се исто така оправдани интереси на Kuehne + Nagel во обработката на податоците согласно чл. 6 (1), f) од Општата регулатива за заштита на податоци.
4. Времетраење на складирањето
Податоците ќе бидат избришани, веднаш штом истите повеќе нема да бидат потребни за да се реализира целта за нивното собирање. Пример за тоа е кога ќе заврши соодветната сесија кога податоците се собираат за поставување на оваа веб-локација.
Кога податоците се зачуваат во записнички датотеки, бришењето ќе се изврши најдоцна по 30 дена. Складирањето по овој рок е исто така можно. Во тој случај, IP-адресите на корисниците ќе бидат избришани или анонимизирани, така што веќе нема да биде можно да му се припишат на клиентот.
5. Право на приговор и отстранување
Собирањето податоци за поставување на веб-локацијата и складирањете на податоците во записнички датотеки е неопходно за функционирање на веб-локацијата. Како последица, корисникот нема да има можност да поднесе приговор.
V. Користење колачиња
a) Опис, цел и опсег на обработката на податоци
Покрај гореспоменатите податоци, колачиња или слични технологии, како што се пикселите (понатаму во текстот: „лолачиња“) се користат на вашиот уред кога вие ја користите или ја посетувате нашата веб-локација. Колачињата се мали текстуални датотеки или сликовни датотеки, како пиксели, кои ги складира нашиот прелистувач на вашиот приемен уред, за да складираат извесни податоци. Следниот пат кога ќе пристапите до нашата веб-локација од истиот приемен уред, податоците складирани во Колачиња последователно ќе бидат вратени назад до нашата веб-локација („Колачиња на првата страна) или до друга веб-локација со која е поврзано колачето. („Колаче на трета страна).
Врз основа на складираните и вратените информации, соодветната веб-локација препознава што претходно сте повикале и посетиле на веб-локацијата преку прелистувачот на вашиот приемен уред. Тие инфромации ги користиме за да можеме да ја дизајнираме и прикажуваме веб-локацијата оптимално во согласност со вашите преференции. Во овој процес, ќе бидат идентификувано само колачето на вашиот компјутер. Секое складирање лични податоци кое го надминува ова, ќе биде направено само со ваша изречна дозвола или само кога тоа е навистина неопходно, за да се овозможи соодветно користење на понудените услуги до кои пристапувате.
Можете да се побунитет против користењето на колачиња кои не се неопходни во кое било време со правење на соодветните приспособувања на поставките за колачиња преку нашата порака за колачиња. Пораката за колачиња се појавува кога првпат ќе ја посетете веб-локацијата. Можете исто така да го користите копчето на десната страна, најгоре на страницата, за да управувате со колачињата.
На нашата веб-локација се користат следниве видови колачиња:
Неопходни колачиња
Овие колачиња се неопходни за правилното функционирање на веб-локацијата и ги зачувуваат податоците од сесијата за страницата да се прикаже правилно и за да се одржува безбедноста на веб-локацијата. Овие колачиња може да се користат:
· за постојаност на изборот на јазик и статусот при пријавување
· за достапност на безбедносна мрежна бариера и за спречување на напади врз нашата служба
· за навигирање без грешка помеѓу различните области на веб-локацијата
· за обезбедување дека веб-локацијата и нејзините функции може да се вчитуваат без поголемо задоцнување
за да се идентификуваат грешките и за да се зачуваат и интегритетот и безбедноста на веб-локацијата, како и за статистички цели, Колачињата од прва страна се користат на нашата веб-локација и на мобилната апликација. Овие колачиња обезбедува да бидете водени правилно до вашите потреби поврзани со индустријата на која ѝ припаѓате или со вашата земја. Податоците се анонимни и се анализираат во агрегирана форма. Собраните податоци содржат:
· број прегледи на страницата на URL, број страници со грешки, секвенци на преглед на страница
· кликнувања на важни функции на веб-локацијата, како контактни обрасци, елементи за навигирање или цитирање и резервирање барања
· вид упатувачи и екстерни линкови до нашите веб-локации
· технологии кои се користат како прелистувачи, оперативни системи и категории на уреди
Колачињата се бришат откако ќе се заврши вашата посета на веб-локацијата.
Колачиња за перформанси и удобност
Кога ќе ги прифатите колачињата за перформанси и удобност, користиме колачиња за да го подобриме вашето искуството на веб-локацијата со обезбедување подобар дизајн на страниците и со насочување на новите посетители. Исто така, користиме технологии за да разбереме подобро како се користат некои страници за да го подобриме нивниот дизајн.
Користиме колачиња за удобност од следниот добавувач:
WalkMe
На некои од нашите веб-локации, каде што можете да се регистрирате, како myKN или SeaExplorer, и на кои може да ви треба помош за навигирање на страницата, WalkMe ќе прикаже информации преку, на пример информативни пораки кои објаснуваат како најдобро да се користат одликите на нашата веб-локација. За да ја користите нашата опција за цитирање, резервирање и следење myKN, myKN го складира вашиот myKN идентитет на корисник 12 месеци.
Можете да поднесете приговор за користењето колачиња за перформанси и удобност во кое било време со соодветно приспособување на поставките за колачиња преку пораката за колачиња. Пораката за колачиња се појавува кога првпат ќе ја посетете веб-локацијата. Можете исто така да го користите копчето на десната страна, најгоре на страницата, за да управувате со колачињата.
Колачиња за маркетинг
Врз основа на вашата согласност, која ја давате со прифаќање на колачињата за маркетинг, користиме аналитички и маркетинг мерења и услужни технологии, што ни овозможуваат нам и на нашите рекламни партнери да ја зголемиме релевантноста на нашите дејства и кампањи за вас. Ова го правиме за да го разбереме подобро и да го оптимизираме успехот на нашите онлајн маркетинг активности.
По добивање на вашата согласност, исто така користиме мерења и услужни технологии во билтените.
Врз основа на вашето специфично деловно барање, ви нудиме различни контактни обрасци. Врз основа на вашата изрична согласност во врска со овие контактни обрасци, исто така може да ги оценуваме вашите податоци за резервации и за времето поминато онлајн. Ова се прави на лична основа, за да се утврди колку ви се привлечни нашите рекламни материјали, кои производи особено ви се допаѓаат, кои продажни канали ви одговараат и каков протрошувач сте.
Користиме маркетинг колачиња од следниве добавувачи:
● Маркетиншки решенија на LinkedIn
Некои од нашите веб-локации користат функции на мрежата LinkedIn. Добавувачот е LinkedIn Corporation, 2029 Stierlin Court Mountain View, CA 94043, USA. Одговорни за работи поврзани со заштитата на податоци надвор од САД се LinkedIn Ireland, Wilton Plaza, Wilton Place, Dublin 2, Ireland.
Кога ќе кликнете на една од нашите рекламни кампањи на LinkedIn, некои од нив ќе ве пренасочат до нашата веб-локација. Ако потоа ни пратите порака користејќи ги нашите контактни обрасци, за мерење на ова однесување се користи технологија која е дел од маркетиншки решенија на LinkedIn.
LinkedIn ги зачувува податоците за мерење на ефективноста на кампањите. Податоците се складираат сè додека трае кампањата на маркетиншките решенија на LinkedIn, што може да биде неколку месеци. Конкретното траење може да е различно за неколкуте кампањи кои ги користат маркетиншките решенија на LinkedIn. Такви кампањи се користат во посебни тематски области и понуди на нашата веб-локација и за специфични целни групи.
За дополнителни информации на оваа тема, видете ја политиката за приватност на LinkedIn на https://www.linkedin.com/legal/privacy-policy.
● Следење на конверзиите на Google Ads
Со оваа технологија, колачиња се праќаат кога вие имате интеракција со, на пример, кликнувате на, една од нашите реклами на Google. Кога ќе кликнете на една од нашите реклами на Google, ќе бидете пренасочени до нашата веб-локација. Ако потоа ни пратите порака користејќи ги нашите контактни обрасци, за мерење на ова однесување се користи технологија која е дел од Google Ads. Google Ads ги зачувува податоците за мерење на ефективноста на кампањите. Ако сте дале согласност за катергоријата колачиња за маркетинг, следењето на конверзиите на Google Ads ќе го користиме како што е опишано.
Колачињата на Google Ads истекуваат 30 дена откако ќе кликнете на рекламните линкови на Google Ads. За дополнителни информации на оваа тема, видете ја политиката за приватност на Google на https://policies.google.com/privacy.
● Sklik
Ако ја посетите нашата веб-локација во Република Чешка (cz.kuehne-nagel.com) преку реклама на seznam.cz (чешки прелистувач) и потоа ни пратите порака користејќи наш контактен образец, технологија од Sklik се користи за мерење на ова однесување. Sklik ги зачувува податоците за мерење на ефективноста на кампањите. Ќе го направиме тоа само ако сте дале согласност за категоријата колачиња за маркетинг.
Колачињата за маркетинг на Sklik истекуваат 30 дена откако ќе кликнете на рекламните линкови на Sklik. За дополнителни информации на оваа тема, видете на политиката за приватност на seznam.cz на https://www.seznam.cz/reklama/en/obsahovy-web/pravidla-reklamy/gdpr#ochrana-osobnich-udaju.
Датотеката со колачиња се користи само за мерење на ефективност на рекламните кампањи и нема да се користи за ниедна друга цел.
Колачиња за маркетинг за пренос на податоци
Таткви податоци префрламе само до добавувачи во трети земји кои прифатиле договорна спогодба во согласност со стандардните договорни клаузули на на ЕУ и дополнителните безбедносни мерки, за да се воспостави соодветно ниво на заштита на податоците. Со прифаќање на категоријата колачиња за маркетинг, исто така се согласувате дека податоците може да ви ги обработуваат добавувачи во други земји, како на пример, во САД. Постои ризик дека добавувачите во САД мора да ги споделуваат податоците со државните служби на САД. Како таква, САД е оценета како земја со недоволно ниво на заштита на податоците според стандардите на ЕУ за заштита на податоците. Ние користиме колачиња за перформанси, за да можеме да ги подобриме техничките перформанси, како што се брзина на вчитување и зголемување на сликата. Пораката за колачиња се појавува кога првпат ќе ја посетете веб-локацијата. Можете исто така да го користите копчето на десната страна, најгоре на страницата, за да управувате со колачињата.
b) Правна основа за обработка на податоци
Правната основа за обработка на личните податоци што се пренесуваат при испраќањето е-пошта се чл. 6 (1), точка f) од Општата регулатица за заштита на податоци.
Правната основа за обработка на лични податоци со колачиња за перформанси, удобност и маркетинг, ако корисникот дал соодветна согласност, е член 6 (2), точка а) од Општата регулатива за заштита на податоци.
VI. Регистрација
1. Опис и обем на обработката на податоците
Ние им нудиме можност на корисниците на нашата веб-страница да се регистрираат со внесување лични податоци. Податоците се внесуваат во маска за внес на податоци во процесот, се пренесуваат до нас, по што ние и ги складираме. Следниве податоци се собираат во текот на процесот на регистрација:
(1) име
(2) Презиме
(3) Е-пошта
(4) Телефон
(5) Податоци за компанијата
За време на регистрацијата, понатаму се складираат и следниве податоци:
(1) Информации за типот прелистувач и верзијата што се користи
(2) Оперативниот систем на корисникот
(3) IP адресата на корисникот
(4) Податоци и време на пристап
(5) Веб-локации од кои системот на корисникот пристапува до нашата веб-локација
(6) (6) Веб-локации до кои пристапува системот на корисникот преку нашата веб-локација.
2. Правна основа за обработка на податоци
Правната основа за обработка на податоците, доколку корисникот даде согласност, е чл. 6 (1), точка а) од Општата регулатива за заштита на податоци.
Ако регистрацијата служи за исполнување на договор на кој корисникот е договорна страна или за извршување на преддоговорни мерки, дополнителна правна основа за обработка на податоците е чл. 6 (1), точка b) Општата регулатива за заштита на податоци.
3. Цел на обработката на податоците
Корисникот мора да се регистрира за исполнување на договор во кој корисникот е договорна страна или за извршување на преддоговорни мерки.
Кога ќе ни дадете согласност, која ja бараме за да може да се регистрирате, а и затоа што имате опција да се одјавите во секое време, ги користиме вашите податоци и за да ви нудиме конкретни производи и услуги што може да ви бидат од интерес. Овие услуги можете да ги деактивирате со кликање на "Одрегистрирај". Ако потоа ја продолжите кореспонденцијата сонас, ќе ја обновиме вашата претплата и потоа ќе можете повторно да кликнете на "Одрегистрирај" ако сакате повторно да се откажете.
4. Времетраење на складирањето
Податоците ќе бидат избришани, веднаш штом истите повеќе нема да бидат потребни за постигнување на целта за која се собирале.
Пример за тоа е процесот на регистрација за исполнување на договорот или за извршување на преддоговорни мерки, секогаш кога податоците повеќе не се потребни за извршување на договорот. Може да има потреба да се складираат лични податоци на договорниот партнер и по склучувањето на договорот, за да се исполнат договорни или законски обврски.
Личните податоци од вашата сметка ќе бидат складирани онолку колку што е потребно за целите за кои податоците биле собирани или на друг начин обработени. Ова не важи доколку сме обврзани да почитуваме законски периоди на чување. Во спротивно важи следново: Ако не сте ја користеле вашата сметка повеќе од 365 дена, ќе ја искористиме вашата е-адреса за да ве известиме дека вашата сметка ќе биде избришана.
5. Можност за приговор и отстранување
Како корисник, имате можност во секое време да ја откажете регистрацијата. Во секое време можете да побаратеда се направат промени на складираните податоците за вас.
Доколку податоците се потребни за исполнување на договор или за извршување на преддоговорни мерки, предвремено бришење на податоците е можно само ако нема договорни или законски обврски кои го забрануваат тоа.
VII. Контактен образеци контакт преку е-пошта
1. Опис и обем на обработката на податоците
Контактен образец е достапен на нашата веб-локација и може да се користи за да остварите контакт со нас по електронски пат. Ако ја користите оваа опција, податоците внесени во маската за внес на податоци ќе ни бидат пренесени, а ние ќе ги складираме во нашата комаија. Овие податоци се:
(1) име
(2) Презиме
(3) Назив на фирма
(4) Земја
(5) Е-пошта
Во врска со обработката на податоци, во текот на процесот на пренос ќе бидете упатени да ја видите оваа Политика за приватност. Вашоте податоци ќе бидат обработени за рекламни цели само ако дадете согласност.
Во случај кога се нуди контакт преку наведена адреса за е-пошта, личните податоци на корисникот што се пренесуваат заедно со е-поштата ќе бидат зачуваниј.
Податоците нема да им бидат пренесени на трети страни. Податоците ќе се користат исклучиво за обработка на комуникацијата, а ако сте дале изречна согласност за таа цела, и за рекламни цели.
2. Правна основа за обработка на податоци
Правната основа за обработка на податоците, доколку корисникот дал согласност, е чл. 6 (1), точка а) од Општата регулатива за заштита на податоци.
Правната основа за обработка на податоците што се пренесуваат при испраќањето е-пошта се чл. 6 (1), точка f) од Општата регулатива за заштита на податоци. Доколку контактот по електронска пошта има за цел склучување на договор, дополнителната правна основа за обработка е чл. 6 (1), точка b) од Општата регулатива за заштита на податоци.
3. Цел на обработката на податоците
Личните податоци од маската за внес на податоци се обработуваат само за обработката на комуникацијата. Во случај на контакт преку електронска пошта, ова е исто така потребниот оправдан интерес за обработка на податоците. Освен ако не сте дале согласност, вашите податоци нема да се обработуваат за други цели, освен за наведените (на пример, за рекламни цели).
Другите лични податоци кои се обработуваат во текот на процесот на пренос служат за да се спречи злоупотребата на контактниот образец и да се осигурни безбедноста на нашите ИТ-системи.
4. Времетраење на складирањето
Податоците ќе бидат избришани веднаш штом ќе ја повлечете согласноста или ако податоциве веќе не се потребни за да се постигне целта за која се собирале. Пример за ова се личните податоци кои потекнуваат од маската за внес на податоци на контактниот образец и податоците што се пренесуваат со е-пошта, кога соодветната комуникација со вас е завршена. Комуникацијата се смета за завршена кога, врз основа на околностите, ќе се заклучи дека релевантните факти се целосно разјаснети.
5. Право да поднесете приговор или да го ја повлечете согласноста
Во секое време имате право да ја повлечете согласноста за обработка на личните податоци. Ако нè контактирате по е-пошта, можете да поднесете приговор во кое било време за обработката на вашите лични податоци. Во тој случај, комуникацијата не може да се продолжи.
Адресирајте ги повлекувањето на согласноста и приговорот за складирање до нас преку https://privacy.kuehne-nagel.com/dsar-form.
Во тој случај, сите лични податоци кои се складирале додека сме биле во контакт, ќе бидат избришани.
VIII. Рекламирање / Маркетинг
Податоците на нашите потрошувачи ги обработуваме за директни маркетиншки цели и во согласност со законските одредби. Конкретно, во текот на овој процес обезбедуваме дека нашите услуги се направени по мерка на вашите барања најдобро што може.
Можете да поднесете приговор против обработката на вашите податоци за рекламни цели во кое било време со праќање на писмена порака преку https://privacy.kuehne-nagel.com/dsar-form или да ја повлечете согласноста без да имате какви било трошоци, освен тие што се наплаќаат по основната тарифа.
За да се откажете од претплатата на билтенот, исто така има содветен линк на крајот на билтенот.
Би сакале да истакнеме дека, во исклучителни случаи, може и понатаму да праќаме рекламни материјали, иако сме го добиле вашиот приговор. Тоа се случува од технички причини и не значи дека нема да го почитуваме вашиот приговор.
Правната основа за овој вид обработка е Член 6 (1), точка f) од Општата регулатива за заштита на податоците. Нашите интереси да ги усогласуваме рекламите според барањата се смета за законски во контекст на споменатата регулатива.
Анализа во врска со лица
Сакаме да ве информираме дека може да правиме персонализирана анализа на вашето однесување во однос на купување и како онлајн корисник за да откриеме до кој степен ви се привлечни нашите реклами, кои производи посебно ве интересираат, кои канали за купување ве привлекуваат и каков тип на потрошувач сте.
Во текот на овој процес, вашите лични податоци (име, презиме, адреса, адреса за е-пошта, ако е применливо), трансакциски податоци (на пример, историја на купување и нарачки), други основните податоци/атрибути за потрошувачи и податоци за кликнувања (на пример, веб-локација, билтен) се обработуваат за да ги подобриме нашите услуги и да ги приспособиме понудите за вас. (На пример, кампањи кои му се од посебен интерес на корисникот, попусти, тестирање на ексклузивни производи).
Правната основа за овој вид обработка е Член 6 (1), точка а) од Општата регулатива за заштита на податоците, врз основа на вашата дадена согласност.
Билтен
Со нашите билтени KN, имате можност да бидете редовно информирани по е-пошта за нашите услуги и кампањи. Конкретно, можете да ги утврдите бодовите за фокусот на билтенот ако ги наведете своите преференции.
Ако го сторите тоа, вашите лични податоци (на пример, име, презиме, адреса, адреса за е-пошта) и, ако е применливо, трансакциски податоци (на пример, историја на купување и нарачки), други основни податоци, како и податоци за кликнување (на пример, веб-локација, билтен) се обработуваат за да се подобрат нашите услуги, како и за реклами по ваша мерка (на пример, промоции кои се од особен интерес за корисникот).
Можете да ја повлечете својата согласност во согласност со Член 6 (1), точка а) од Основната регулатива за заштита на податоци во кое било време, а ќе се почитува во иднина.
Можете да поднесете приговор против обработката на вашата адреса за е-пошта во кое било време преку https://privacy.kuehne-nagel.com/dsar-form или да ја повлечете согласноста без да имате какви било трошоци, освен тие што се наплаќаат по основната тарифа.
Преку посебни функции во нашиот билтен, можеме персонализирано да следиме која содржина од нашиот билтен им е од посебен интерес на нашите потрошувачи. Резултатите од овие анализи ги користиме во врска со соодветното лице, исклучиво за подобрување на нашите услуги и за нивно приспособување по мерка за да ги задоволи барањата, како и за директно рекламирање.
IX. Обработка на податоци за креирање профил во заедницата на таленти на Kuehne + Nagel
1. Опис и обем на обработката на податоците
На страната за кариера на Kuehne + Nagel, можете да креирате профил во заедницата за таленти на Kuehne + Nagel на неколку начини:
1) регистрирајте се и прикачете ги податоците и информациите на (https://jobs.kuehne-nagel.com/global/en/jointalentcommunity?applyType=JTC).
2) Користете го ChatBot како канал за коминикација.
3) Праијавете се за автоматски генерирано известување за работни места кое ве информира за тековните понуди на работни места во Групацијата Kuehne + Nagel.
2. Цел на обработката на податоци
Регистрирањето во заедницата на таленти на Kuehne + Nagel нуди можност пред и после конкретниот процес на пријавување за работно место, да си направите профил кој ќе биде достапен за пребарување од страна на партнерите и филијалите на Kuehne + Nagel.
Пријавувањето е доброволно и е зависи од соодветниот процес на пријавување
3. Правна основа за обработка на податоци
Правната основа за складирање на вашиот профил бе конретно пријавување за некое работно мести и префрлањето на вашиот профил до пратнерите и филијалите на групацијата е член 6 (1), точка а) од Општата регулатива за заштита на податоци.
4. Времетраење на складирањето на вашите податоци
Вашата согласност ќе важи сè додека не го избришете профилот, а вие можете да ја повлечете во кое било време, а ќе се почитува во иднина. Ако ја повлечете својата согласност Kuehne + Nagel ќе го повлечат правото на партнерите и на филијалите да пристапуваат до вашите податоци од пријавата.
Освен ако не сте ја повлекле вашата согласност во некој претходен момент, вашиот профил ќе биде избришан најдоцна три години по вашата последна активност.
X. Права на субјектите кои ги даваат податоците
Ако вашите лични податоци се обработуваат, вие претставувате субјект кој дава податоци согласно дефиницијата во Општата регулатива за заштита на податоции ги имате правата наведени подолу во однос на контролорот на податоци.
Можете да уживате во своите права во кое било време преку следниов линк https://privacy.kuehne-nagel.com/dsar-form/.
1. Право на информации
Можете да побарате потврда од контролорот за податоци дали ние ги обработуваме личните податоци што се однесуваат на вас.
Ако таквата обработка се применува, можете да побарате информации од контролорот на податоци во однос на следните аспекти:
(1) целите за кои се обработуваат личните податоци;
(2) категориите на лични податоци кои се обработуваат;
(3) примачитее или категориите примачи на кои личните податоци што се однесуваат на вас им биле откриени или ќе бидат откриени во иднина;
(4) планираното времетраење на складирањето на личните податоци што се однесуваат на вас или, ако тоа не може конкретно да се наведе, критериумите за утврдување на времетраењето на складирањето;
(5) применливоста на правото на исправка или бришење на личните податоци кои се однесуваат на вас, право да се ограничи обработката од страна на контролорот на податоци или право да поднесете приговор против оваа обработка;
(6) применливоста на правото на жалба до надзорнен орган;
(7) сите достапни информации за потеклото на податоците доколку личните податоци не се собрани од субјектот кој ги дава податоците;
(8) применливоста на автоматизиран процес на донесување одлуки, вклучувајќи профилирање во согласност со чл. 22 (1) и (4) од Општата регулатива за заштита на податоци и, барем во овие случаи, објаснувачки информации за вклучената логика и за опсегот, како и планираните ефекти за субјектот кој ги дава податоците од таквата обработка.
Имате право да побарате информации за тоа дали личните податоци што се однесуваат на вас се пренесуваат до трета земја или меѓународна организација. Во врска со ова, можете да побарате да бидете информирани за соодветните гаранции во согласност со чл. 46 од Општата регулатива за заштита на податоци во врска со преносот.
2. Право на исправка
Имате право на исправка и / или завршување на податоци во врска со контролорот на податоците, доколку обработените лични податоци што се однесуваат на вас се неточни или нецелосни. Контролорот на податоци мора да ја направи исправката без одлагање.
3. Право да ограничите обработка
Под следниве услови, можете да побарате ограничување на обработката на личните податоци што се однесуваат на вас:
(1) ако поднесете приговор за точноста на личните податоци што се однесуваат на вас во рок што му овозможува на контролорот на податоците да ја провери точноста на личните податоци;
(2) обработката е нелегитимна и вие одбивате личните податоци да бидат избришани и наместо тоа барате ограничување на користењето на личните податоци;
(3) на контролорот на податоци веќе не му требаат личните податоци за обработка, но вам ви требаат за потврда, остварување или одбрана на законските барања; или
(4) ако сте поднеле приговор против обработката согласно со чл. 1 од Општата регулатива за заштита на податоци и ако сè уште не е сигурно дали оправданите интереси на контролорот на податоците ги надминуваат вашите причини.
Доколку обработката на личните податоци што се однесуваат на вас се ограничени, овие податоци може да бидат обработени, освен за складирање, само со ваша согласност или само да се потврдат, да се остварат или да се одбранат законски побарувања или да се заштитат правата на друго физичко лице или правен субјект или поради причини од задолжителен јавен интерес на Европската унија или на земја-членка.
Ако ограничувањето на обработката е применето во согласност со горенаведените услови, контролорот на податоците ќе ве информира пред да се укине ограничувањето.
4. Право на бришење
a) Обврска за бришење
Можете да побарате од контролорот на податоци личните податоци што се однесуваат на вас веднаш да се избришат и контролорот на податоци ќе биде должен веднаш да ги избрише овие податоци, но треба да наведете една од овие причини како основа за барањето од следните причини:
(1) личните податоци што се однесуваат на вас повеќе не се потребни за целите за кои се собрани или на друг начин обработени.
(2) Ја повлекувате својата согласност која била основа за обработка во согласност со чл. 6 (1), точка а) или чл. 9 (2), точка а) од Општата регулатива за заштита на податоци и нема друга основа за обработка.
(3) Поднесувате приговор со согласност со чл. 21 (1) од Општата регулатива за заштита на податоци против обработката и нема оправдани причини за обработка или ако поднесете приговор за обработката во согласност со чл. 21 (20) од Општата регулатива за заштита на податоци.
(4) Личните податоци кои се однесуваат на вас се обработуваат незаконски.
(5) Бришењето на личните податоци во врска со вас е потребно за да се исполни законска обврска во согласност со правото на ЕУ или законите на земјите-членки кои се однесуваат на контролорот на податоци.
(6) Личните податоци кои се однесуваат на вас се собрани во врска со понудените услуги на информатичкото општество во согласност со чл. 8 (1) од Општата регулатива за заштита на податоци.
b) Информации за трети страни
Ако контролорот на податоците ги направил личните податоци што се однесуваат на вас јавно достапни и ако е обврзан да ги избриши во согласност со чл. 17 (1) од Општата регулатива за заштита на податоци, ќе бидат потребни соодветни мерки, исто така од техничка природа, земајќи ги предвид достапните технологии и трошоците за имплементација, за да се информираат страните одговорни за обработката на податоците и кои ги обработуваат личните податоци, дека вие, како субјект кој ги дава податоците, сте побарале од нив да ги избришат сите линкови до овие лични податоци или копии или преписи од овие лични податоци.
c) Исклучоци
Правото на бришење не се применува ако обработката е потребна:
(1) за да остварување на правото на слободен говор и информирање;
(2) за да исполни законска обврска која се применува за обработка во согласност со правото на ЕУ или законите на земјите-членки кои се однесуваат на контролорот на податоците или за да исполни задача од јавен интерес или за да се оствари јавното овластување кое му е дадено на контролорот на податоците;
(3) заради јавен интерес од областа на јавното здравје во согласност со чл.9 (2), точка h) и точка i), како и чл. 9 (3) од Општата регулатива за заштита на податоци;
(4) за цели на архивирање кои се од јавен интерес, за научни или историски истражувачки цели или за статистички цели според чл. 89 (1) од Општата регулатива за заштита на податоци, сè додека правото од точка а) се очекува да го оневозможи остварувањето на целите за обработка или да го оневозможи во значителен степен; или
(5) за потврдата, остварувањето или одбраната на законските барања.
5. Право на информирање
Ако сте го потврдиле правото на исправка, бришење или ограничување на обработката во однос на контролорот на податоците, ќе мора да бидат известени сите приматели на кои им билле откриени лични податоци кои се однесуваат на вас за оваа исправка, бришење на овие податоци или ограничување од обработката, освен ако ова не се докаже како невозможно или ако тоа е поврзано со диспропорционални напори или трошоци.
Во врска со контролорот на податоците, имате право да бидете информирани за овие примачи.
6. Право на преносливост на податоци
Имате право да ги добивате лични податоци кои се однесуваат на вас, кои сте ги ставиле на располагање на контролорот на податоци во структуриран, заеднички и машински читлив формат. Понатаму, имате право да ги пренесувате овие податоци до друг контролор на податоци без да ве попречува контролорот на податоци на кого личните податоци му се достапни, доколку:
(1) основа за обработката е согласност во согласност со чл. 6 (1), точка а) од Општата регулатива за заштита на податоци или чл. 9 (2), точка а) од Општата регулатива за заштита на податоци или договор во согласност со чл. 6 (1), точкаb) од Општата регулатива за заштита на податоци, и
(2) обработка се одвива преку автоматизирани процеси.
Во остварувањето на ова право, исто така имате право да направите пренос на личните податоци што се однесуваат на вас да се пренесат од еден контролор на податоци до друг контролор на податоци, доколку тоа е технички изводливо. Притоа не смеат да бидат повредени слободите и правата на другите лица.
Правото на преносливост на податоци не се однесува на обработката на личните податоци што се потребни за исполнување на задача од јавен интерес или во остварување на јавна функција делегирана на контролорот на податоци.
7. Право на приговор
Имате право да поднесете приговор во секое време, од причини кои произлегуваат од вашата конкретна ситуација, за обработката на личните податоци кои се однесуваат на вас, а која се прави врз основа на чл. 6 (1), e) или f) од Општата регулатива за заштита на податоци; ова исто така важи и за профилирање врз основа на овие одредби.
Контролорот на податоците ќе престане со обработка на личните податоци кои се однесуваат на вас, освен ако не може да докаже задолжителни причини за обработката заради заштита и кои ги надминуваат вашите интереси, права и слободи, или ако обработката служи за потврда, остварување или одбарна против правни побарувања.
Доколку личните податоци што се однесуваат на вас се обработуваат за директен маркетинг, имате право да поднесете приговор во секое време за обработката на личните податоци кои се однесуваат на вас за целите на таквото рекламирање; ова исто така важи и за профилирање, доколку е поврзано со таков директен маркетинг.
Ако поднесете приговор за обработката за целите на директен маркетинг, личните податоци кои се однесуваат на вас веќе нема да бидат обработувани за овие цели.
Имате опцијада го остварите своето право на приговор во врска со користењето на услугите на информатичкото општество, независно од Директивата 2002/58 / EC, преку автоматизирани постапки во кои се користат технички спецификации.
8. Право на отповикување на согласност согласно законите за заштита на податоците
Во секое време имате право да ја повлечете вашата согласност во согласност со законите за заштита на податоци. Врз легитимноста на обработката што се случува до моментот додека не се земе предвид вашиот приговор, нема да влијае повлекувањето на согласноста.
9. Автоматскто одлучување во поединечни случаи, вклучувајќи профилирање
Имате право да не бидете подложен на одлука која е исклучиво заснована на автоматизирана обработка, вклучувајќи профилирање, која има правен ефект во врска со вас или која предизвикува слични значителни пречки за вас. Ова не се применува доколку одлуката:
(1) е потребна за склучување или исполнување на договор склучен помеѓу вас и контролорот на податоци;
(2) е прифатлива врз основа на законските прописи на ЕУ или земјите-членки кои се однесуваат на контролорот на податоците и ако овие законски прописи содржат соодветни мерки за заштита на вашите права и слободи, како и вашите оправдани интереси; или
(3) е изготвена заедно со вашиот вашата изречна согласност.
Сепак, овие одлуки не можат да се засноваат на посебни категории лични податоци во согласност со член 9 (1) од Општата регулатива за заштита на податоци, освен ако чл. 9 (2), точка а) или точка g) се применува и се преземени соодветни мерки за заштита на правата и слободите, како и на вашите легитимни интереси.
Во однос на случаите наведени во (1) и (3), контролорот на податоците ќе преземе соодветни мерки за заштита на правата и слободите, како и на вашите легитимни интереси, што вклучува барем право на лице на [sic] контролорот на податоци да влијаат, да презентираат свои ставови и да ја оспорат одлуката.
10. Право да се поднесе жалба кај надзорен орган
Не доведувајќи во прашање друга административна или вонсудска жалба, имате право да поднесете жалба до надзорниот орган, особено во земјата-членка во која се наоѓа вашето живеалиште, вашето работно место или местото на претпоставената повреда, ако сметате дека обработката на лични податоци во врска со вас претставува повреда на Општата регулатива за заштита на податоци.
Надзорниот орган до кој е поднесена жалба ќе го извести подносителот на жалбата за статусот и резултатите од жалбата, вклучувајќи ја и можноста за поднесување дополнителна жалба во судот во согласност со чл. 78 од Општата регулатива за заштита на податоци.
XI. Извештај за повреди во врска со податоци
Повредите во врска со податоци може да се пријават во секое време на privacy@kuehne-nagel.com.
Повредите во врска со податоци што доведува до случајно или нелегално уништување, губење или модификација, неовластено откривање или неовластен пристап до лични податоци, кои се пренесуваат, складираат или на друг начин се обработуваат од страна на нашата компанија или трета страна која има склучено договор со нас.
XII. Малолетници
Лицата помлади од 18 години не смеат да пренесуваат лични податоци без согласност на нивните родители или законски старатели. Во согласност со чл. 8 од Општата регулатива за заштита на податоци, децата на возраст од 16 години или помлади може да даваат таква согласност само со согласноста на нивните родители или законски старатели. Личните податоци за малолетниците не се собираат и обработуваат свесно.
XIII. Измени на оваа Политика за приватност
Компанијата Kuehne + Nagel го резервира правото на менување на оваа Политика за приватност во секое време, а измените ќе се почитуваат во иднина. Затоа, се препорачува да се препрочитува оваа Политика за приватност на редовни интервали.
Статус декември 2021 г.