Kuehne+Nagel

Privacy Policy Center

Privacy Policy
Asset Publisher

Back Customer Feedback Tool

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИВАТНОСТ - АЛАТКА ЗА ДАВАЊЕ ПОВРАТНИ ИНФОРМАЦИИ ОД КОРИСНИЦИТЕ

Усогласеноста со законите за заштита на лични податоци и приватност е составен дел од начинот на работење на компаниите KUEHNE+NAGEL („КН“) на доверлив начин. КН ја признава и заштитува безбедноста и приватноста на личните податоци на клиентите, подизведувачите, добавувачите и другите деловни партнери на КН („КН Партнер“). Затоа, КН ги обработува личните податоци во согласност со важечките закони за заштита на лични податоците и безбедноста на податоците, вклучително и Законот за заштита на податоците („ЗЗЛП“).

1. Цел на обработката

Обработката на личните податоци за оваа специфична алатка, Алатката за давање повратни информации од корисниците, служи за собирање директни повратни информации од клиентите на КН. Ова ќе им овозможи на нашите тимови подобро да ги разберат потребите на нашите клиенти и континуирано да ја подобруваат нашата услуга и да го испорачуваат најдоброто корисничко искуство. Секој клиент кој сака да остави повратни информации може да го стори тоа анонимно со одбивање да остави име или е-пошта. Овие полиња не се задолжителни и целосно се препуштени на дискреционо право на клиентот кој дава повратни информации.

2. Категории на обработени лични податоци и правна основа

За горенаведените цели, КN може да ги обработува следните категории на лични податоци:

а) Информации за контакт, како што се називот на компанијата, целосното име о презиме на поединецот, и деловната е-пошта на нашите клиенти кои избираат да остават такви информации.

б) Дополнителни информации нужно обработени во проект или договорен однос со КН или доброволно дадени од клиентите на КН, како што се нарачки, извршени плаќања, барања и динамиката на проектот;

в) Во зависност од природата на оставените повратни информации и дали клиентот избрал да ги остави своите податоци, раководителот на вработениот што ја добива повратната информација може директно да се обрати до клиентот за директна комуникација или да одговори на повратните информации. Барањето на дополнителни информации (директна комуникација) се врши со цел разбирањена намерите и потребите на клиентот и развивање на процеси за подобрување на нашите услуги.

Освен ако не е поинаку наведено, правна основа за обработка на лични податоци е член 10 (1) (параграф 2) или (параграф 6) од Законот за заштита на лични податоци или - доколку е директно добиено од страна на клиентите на КН Партнер - согласност (член 10 (1) (параграф 1) од Законот за заштита на податоците.

3. Пренесување и откривање на лични податоци

Услугите што ги обезбедува КН, во принцип, не се насочени кон ракување (собирање, обработка, употреба) на лични податоци, туку обезбедување на транспортни и логистички услуги. КН ги обработува личните податоци што ни се пренесени за потребите на овозможување на нашите услуги. КН може да врши пренесување на личните податоци во рамките на компаниите на КН, но само доколку и до степен за кој е потребен таков пренос за целите споменати погоре.

КН нема да пренесува лични податоци собрани преку оваа конкретна алатка на трети страни. Сите податоци собрани со оваа алатка ќе бидат хостирани во нашите сопствени КН сервери, складирани во Хамбург, Германија.

Примателите на лични податоци може да се наоѓаат во земји и надвор од Европската економска област или други земји кои обезбедуваат соодветно ниво на заштита. Сепак, може да има и приматели лоцирани во земји во кои важечките закони не нудат исто ниво на заштита на податоците како законите на матичната земја на конкретниот поединец. Во такви случаи и освен ако поинаку не е дозволено со важечкиот закон, КН презема мерки за спроведување на соодветни и соодветни заштитни мерки за заштита на личните податоци со други средства.

4. Периоди на чување

Освен ако експлицитно не е поинаку назначено во моментот на собирање на личните податоци на клиентите на КН (на пр. во рамките на изречна согласност дадена од клиентите на КН), ние ги бришеме личните податоци доколку чувањето на личните податоци веќе не е неопходно во однос на целите за кои тие беа собрани или на друг начин обработени и нема законски обврски за дополнително чување на личните податоци според важечкото законодавство. За целите на оваа специфична алатка, личните податоци на клиентите на КН ќе бидат избришани најдоцна по периодот од една година.

5. Право на повлекување на согласноста

Доколку клиентот на КН дал своја согласност за обработка на одредени лични податоци од страна на КН, клиентот има право да ја повлече согласноста во секое време со иден ефект, т.е. повлекувањето на согласноста не влијае на законитоста на обработката врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување. Во случај да се повлече согласноста, KН може дополнително да ги обработува личните податоци само таму каде што постои друга правна основа за нивна обработка.

6. Права и поплаки од страна на клиентите на КН и контакт за заштита на податоците

Сите барања, вклучително и оние кои се однесуваат на пристап до, исправка или бришење на лични податоци, ограничување на обработката, право на приговор на обработка или какви било поплаки треба бидат упатени на нашата електронска адреса: privacy@kuehne-nagel.com .

Офицерот за заштита на личните податоци на контролорот може да се контактира преку следните податоци за контакт:

Kuehne + Nagel Management AG

Kuehne + Nagel Haus

П.Ф. 67

8834 Шинделлеги

Швајцарија

Е-пошта: privacy@kuehne-nagel.com

Нашето известување за приватност, како и информациите за нашата обработка на лични податоци во согласност со член (чл.) 17, 18 и 25 од ЗЗЛП може да се менуваат од време на време. Затоа, се препорачува повторно разгледување на ова Известување за приватност во редовни интервали.